Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Костадинов: Земјоделците се задоволни од мерката „зелена нафта“

Очигледно е задоволството кај земјоделците од мерката „зелена нафта“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов од Струмица, додавајќи дека мерката обезбедува намалување на трошоците за производство, обезбедување на многу поконкурентни земјоделски производи и враќање на парите назад кај земјоделците.

„Само преку оваа мерка обезбедуваме околу 200 милиони денари или над 3 милиони евра назад директно кај земјоделците. Од тоа кој колкав износ ќе земе зависи, нормално, од производството, видот на производството што го има пријавено за субвенции“, рече Костадинов.

Тој додаде дека највисокиот износ што земјоделците може да го имаат на картичките е лимитиран на 100 000 денари.

„Ве уверувам дека како одговорна и државотворна партија дополнително ќе ги засилуваме активностите, мерките во однос на земјоделието, затоа што сите знаеме дека земјоделската гранка е една од најважните стопански гранки во Република Северна Македонија“, рече Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

СИЛНИОТ ВЕТЕР СОЗДАЛ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Паднати дрвја и оштетена инфраструктура на важни правци

ДЕСК

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија, Јана Ванамолдер

ДЕСК

„ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА И ЗА МАКЕДОНИЈА“ – Мицкоски со предупредување од Берлин по средбата со европските лидери

ДЕСК