10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Ви се јаде пица? Подгответе совршено тесто за само 15 минути

Ви се јаде пица, а не ви се чека да надојде тестото или пак дома немате квасец? Скратете ја постапката и уживајте во пицата за момент!

Ќе ви бидат потребни петнаесетина минути и само неколку состојки

СОСТОЈКИ:

2 шолји брашно, 1 шолја јогурт, 1 лажичка сол, 1 лажичка прашок за пециво, додатоци по желба

ПОДГОТОВКА:

Сите состојки едноставно измешајте ги па ставете ги во подготвен сад за печење (кој претходно сте го премачкале со маслиново масло) така што тестото ќе ја покрие целата површина.

Важно е за брашното и јогуртот да користите шолји со ист капацитет. Откако на тестото ќе ставите состојки по желба, печете ја пицата на 220 степени од 10 до 15 минути.

Овој италијански специјалитет ќе биде готов за момент и нема да ве разочара.

Спонзорирано: