Centar.mk
ЛОКАЛНО

Утре привремен сообраќаен режим на дел од улицата Лазар Личеноски

Град Скопје информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи утре ќе се воведе привремен сообраќаен режим на дел од улицата Лазар Личеноски.

„Поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на улица Лазар Личеновски, од утре, 28 јули, па до завршувањето на градежните работи, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од улицата од раскрсницата со улица Самоулова и бул. Гоце Делчев до сервисната улица за влез на парккингот кај СРЦ Кале“, се вели во информацијата.

Овие градежни активности се реализираат во рамките на проектот за фазната реконструкција на улицата Лазар Личеновски. Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот на потег во вкупна должина од 493 метри.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолува сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +