5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Костадинов: Мицкоски со своите барања покажа дека бега од правда и штити криминал

Христијан Мицкоски уште еднаш покажа и докажа дека бега од правда, штити криминал и намерно ги кочи реформите што се во интерес на граѓаните и државата, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на прес-конференција по повод обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Барањето за целосно расформирање на СЈО и обвинителите од СЈО да не преминат заедно со случаите што ги водат во Јавното обвинителство јасно значи одолжување на постапките што ги води СЈО“, рече портпаролот на опозициската партија.

Тој додаде дека потврдата за намерата Владимир Панчевски да биде прв човек на новото јавно обвинителство дополнително зборува за, како што рече, нечесните намери на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во процесот на градење ефикасно Јавно обвинителство.

„ВМРО-ДПМНЕ постојано измислува и ќе измислува нови барања и опструкции сè со цел законот да не се донесе, а правдата да се избегне“, посочи Костадинов истакнувајќи дека опозициската партија на чело со Мицкоски мора да престане со политичките игри.

Спонзорирано: