22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Што да направите доколку забележите дека некој ве снима: Тој што снима друг граѓанин без негово знаење ќе биде казнет со затвор до три години

Во изминатиот период излегоа неколку снимени разговори за кои се споменува дека се снимани со мобилни телефони без знаење на оштетениот граѓанин/функционер.

Се’ почесто сме сведоци како партиски активисти на опозицијата, ги користат мобилните телефони за неовластено снимање на граѓани, функционери и тн. со своите смартфони, а потоа овие снимки излегуваат на опозициски портали.

Доколку се посомневате дека ве снимаат со своите мобилни уреди низ приватниот живот веднаш реагирајте.

Не се плашете да пријавите сомнително лице кое ве снима, ќе заработи казна и до три години затвор

Според Законот неовластено снимање, прислушкување и тонско (аудио) снимање е строго забрането и е предвидено како кривично дело во Кривичниот законик.

Следењето и снимањето со мобилни телефони е исто како казниво како и прислушкувањето, па така доколку ве снимаат во приватни разговори, во вашиот дом или заграден простор, може да биде и деловен простор или во возило веднаш пријавете го лицето кое ве снима, со оглед дека според Законот такво нешто може да одреди само Судот и тоа под строго утврдени услови.

Според Кривичниот законик на РМ како кривично дело против личните права е неовластено снимање во член 152. Според овој член тој што неовластено ќе направи фотогорафски, филмски или видео снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Доколку неовластеното снимање го стори службено лице, во тој случај се предвидени казни затвор од три месеци до три години.

И функцонерите и бизнисмените  како и сите граѓани имаат право на приватен живот

Заштитата на овој облик на дело е пред се за заштита на приватниот живот, и спречување таквите снимки да бидат злоупотребувани од сторителот за различни цели, како што се уцена, нарушување на углед, изнуда и слично.