11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

(Видео) Анѓушев: Владата ќе продолжи со унапредување на политиките за побрз и одржлив раст на стопанството и економијата

Владата и бизнис-секторот имаат отворена и искрена комуникација преку која се креираат и имплементираат најсоодветни политики за побрз и одржлив економски раст во Република Северна Македонија, истакна вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на денешната трета седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, која се одржува во рамките на проектот за подобра бизнис-регулатива, спроведуван од Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопанските комори, МАСИТ и Стопанската комора на северозападна Македонија, во соработка со центарот ЕПИ, поддржан од УСАИД.

Вицепремиерот нагласи дека со меѓусебна соработка помеѓу Владата и стопанството, претставувано од стопанските комори, во изминатиот период се донесени низа економски политики, закони и мерки, кои се во насока на технолошки развоj и воведување иновации, а со тоа и подигнување на конкурентноста на компаниите, но и за раст на плати и подобрување на животниот стандард на граѓаните.


„Законот за финансиската поддршка овозможува еднаква поддршка за домашните и странските компании, со новиот Закон за енергетиката се раздвижува енергетскиот сектор и се овозможени инвестиции во обновливите извори на енергија, како и Законот за јавните набавки и Законот за практиканството, сите овие законски решенија се донесени преку отворени дебати и по барање на стопанството, пред сè, во насока на подобрување на бизнис-климата во земјата“, појасни Анѓушев.

Вицепремиерот дополни дека продолжуваат активностите во изградба на квалитетна патна и железничка инфраструктура, како и гасификацијата и електроенергетските проекти, за зголемување на конкурентноста на економијата во Северна Македонија, при што најави дека во периодот што следува Владата ќе објави нови мерки кои ќе стимулираат забрзан раст на платите, но и на севкупната економија.

Претставниците од стопанските комори изразија очекување дека соработката помеѓу Владата, министерствата и бизнис-секторот ќе продолжи да се развива во позитивна насока и дека ќе се задржи позитивниот тренд да бидат консултирани при носењето важни законски решенија, со кои би било засегнато стопанството.