Centar.mk
БИЗНИС

Дојче банка во вториот квартал има загуба од 3,15 милијарди евра

Во вториот квартал Дојче банкa оствари загуба од 3,15 милијарди евра.

Според германски „Билд”, причина за загубата е радикалното преструктурирање на банката, претходно објавено од страна на извршниот директор на банката, Кристијан Севинг.

Ова преструктурирање го оптовари билансот на банката за 3,4 милијарди евра, рече тој.

„Без овој товар, Дојче банкa ќе оствареше профит”, објаснува Севинг.

Приходите на банката се намалија за шест проценти, а загубата беше поголема отколку што беше најавено на почетокот на јули, кога беше проценето дека ќе изнесува околу 2,8 милијарди евра, потсетуваат медиумите.

Повеќе од 900 вработени во Дојче банка добија известување изминативе денови дека нивниот работен договор е прекинат или дека им се укинува работното место.

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ОДЛУКА, СЕ ГОТВАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Ќе има ли корекција на цените на бензинот и дизелот?

ДЕСК

Барел нафта повторно премина 112 долари

ДЕСК

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК