22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Кои се другите луѓе кои рекетирале во име на Јанева и зошто не ги пријавила порано ако знаела

Портпаролот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, рече дека специјалната обвинителка Катица Јанева во нејзината вчерашна изјава обзнанила дека многу други луѓе уценувале и знаела за тоа ама не пријавила. Тој истакна дека Јанева признала оти освен двајцата осомничени коишто се приведени, уште многу други луѓе уценувале и рекетирале повикувајќи се на нејзиното име.

Прашањата на коишто мора да одговори уште веднаш, според Арсовски, не само таа туку и СДСМ се следните:

Кои се другите луѓе кои рекетирале во име на Катица Јанева и на СЈО? Зошто Катица Јанева цело време знаела дека и други луѓе освен Боки 13 рекетираат во нејзино име, но целиот тој период не пријавувала? Дали можеби се офајдила од она што го добивале за возрат?

Дали Катица Јанева призна практично дека дел од тие луѓе, односно други луѓе коишто рекетирале се и Кики и Фрики, коишто се од врвот на раководството на СДСМ и исто така рекетирале во нејзино име?

Колку време Катица Јанева рекетирала со овие луѓе и со Боки 13? Дали сега веќе ги пријави Катица Јанева истиве овие луѓе кои рекетирале и дали можеби и за нив има постапка?

Арсовски вели дека Катица Јанева го претворила СЈО во рекетарски бизнис, но нормално со поддршка на Зоран Заев и на СДСМ.

„Рекетот потекнува директно од СДСМ и Катица Јанева ги кријат сите овие луѓе само за да не се дознае вистината за рекетарите од врвот на СДСМ. Зоран Заев и Катица Јанева ја направија најголемата рекетарска шема каде што изрекетирале десетици милиони евра под превезот на СЈО. Веќе и на малите деца им е јасно дека ова е многу повеќе од индивидуален обид за рекет на Бојан 13, којшто можеби е само еден од пипците на октоподот на чие чело стои Зоран Заев.

Рекетарските и криминални приказни во јавноста опфаќаат многу други имиња кои Катица Јанева треба да ги каже во обвинителството и сите заедно да одговараат заедно со неа и со Зоран Заев, односно со поддршката од СДСМ“, порача Арсовски.