Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Сончево и топло време со температури до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен претежно северен ветер, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец и максимална температура од 35 степени.

Во понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за 3 до 4 степени.

Можеби ќе ве интересира

НОВ СКАНДАЛ СО “БРЗИ КРЕДИТИ”: Еве како на туѓо име подигнале голем број на кредити

ДЕСК

Фрчат казни во тетовскиот регион: 25 возила подигнати со пајак, напишани и над 40 други казни

ДЕСК

Полицијата на нозе: Исчезна 39 годишен маж од Гостивар

ДЕСК