Centar.mk
КУЛТУРА

Италијанскиот ансамбл „Дорико“ на Охридско лето

Музичката програма на фестивалот Охридско лето продолжува вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“ со концерт на ансамблот „Дорико“ од Италија кој ќе приреди омаж на Георг Фридрих Хендл.

Ќе настапат тенорот Раул Хернандез, Даниела Нуцоли – мецосопран и виолина, Клодиана Бабо на барокна виолина, Франческо Алесандро де Феличе на виолончело и Џованимариа Перучи на чембало, информираат организаторите.

Ансамблот „Дорико“ е група музичари што настапува на барокни инструменти почитувајќи ги историските практики на интерпретација.

Членовите на овој состав свиреле во некои од најзначајните оркестри посветени на стара музика како: „Џардино Армонико“, „Еуропа Галанте“, „Талент Лирик“, „Академија Бизантина“ и се посветени на популаризација на ваков тип музика како и на откривања дела од ваков репертоар.

Настапувале на голем број интернационални и национални фестивали.

Можеби ќе ве интересира

Педесет ракописи во конкуренција за наградата „Пегаз“ за 2026 година

ДЕСК

Детската ликовна работилница „Ѕвездена ноќ“ го отвора јубилејот – 40 години Ван Гог Бар

ДЕСК

Двете книги со драми од Дејан Дуковски во издание на „Арс Ламина“ премиерно на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ДЕСК