14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: После 11 години режим, изолација и многу загубени шанси, одиме напред, а Мицкоски е само глас на вистинскиот претседател Никола Груевски

Соопштение за јавност на Владејачката СДСМ, кое го пренесуваме интегрално:

Ништо ново од антизападниот пион Христијан Хидро Мицкоски. Човекот ниту има став ниту има идеја, нема програма, едно големо ништо.

Христијан Мицкоски е само глас на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој управува со партијата од Будимпешта, Никола Груевски.

Мицкоски ги потврди неговите фрустрации, не може да се помири со тоа што нашата татковина успеа со Зоран Заев!

За само 2 години, после 11 години загубени шанси за цели генерации, сега, со Зоран Заев, ги остваруваме врвните стратешки и национални интереси: членство во НАТО и ЕУ!

Наместо упорно да го брани криминалот на режимот Мицкоски треба да честита за напредокот на земјава затоа што тоа е успех за сите наши граѓани.

Мицкоски знае дека нема поддршка кај граѓаните, затоа додека СДСМ е секојдневно меѓу граѓаните ВМРО-ДПМНЕ освен од белиот дворец ги нема никаде.

Јавноста знае, најавуваше Мицкоски протести и оваа година, па на крај неславно заврши со Јанко Бачев и компанија, осамен и без поддршка од граѓаните.

Што се однесува до предвремени избори, Мицкоски исто вака се силеше и пред претседателските избори, па ги загуби.

ВМРО ДПМНЕ ги загуби претседателските избори, а ги загуби и предвремените локални избори.

Граѓаните не сакаат криминал, уназадување, изолација, туку напредок, интеграција, економски раст и развој.

Оттука, бадијала се храбри, истото ќе се случи и на наредните избори, Мицкоски го чека нов пораз.

Република Северна Македонија продолжува напред!

Спонзорирано: