Апликацијата МојДДВ е достапна за симнување преку следниот линк МојДДВ.
Сите вие кои сте регистрирани на системот “е-Персонален данок“, преку апликацијата МојДДВ ќе имате можност да гo скенирате баркодот од фискалните сметки и да го остварите правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ. Граѓаните кои не се регистрирани, ги повикуваме да се регистрираат на “е-Персонален данок и со скенирање на фискалните сметки да го остварат правото на поврат на ДДВ. Одговори на прашањата на граѓаните за МОЈДДВ.
1. Кој има право на поврат на ДДВ?
• Имаат навршени 15 години возраст; Поседуваат валиден документ за идентификација издаден од надлежен орган на
Република Северна Македонија (лична карта или патна исправа); Се регистрирани корисници на системот за електронска пресметка за приход и данок
(е-Персонален данок) на Управата за јавни приходи; и Поседуваат трансакциска сметка кај носител на платен промет во Република Северна Македонија.
2. Како ќе се враќа данокот на граѓаните?
Враќањето на данокот се врши на трансакциската сметка на лицето, по службена должност од страна на Управата за јавни приходи, во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.
Исплатата на средствата се врши од Буџетот на Република Северна Македонија, преку
Управата за јавни приходи.
3. Дали на вратениот ДДВ, граѓаните немаат обврска да платат данок на личен доход?
Вратениот износ на данокот на додадена вредност согласно овој закон не претставува доход кој подлежи на оданочување со данок на личен доход односно граѓаните немаат обврска да го пријават овој вид на приход и немаат обврска да платат данок на личен доход.
4.Дали само тие што се регистрирани на е-пдд може да ја симнат апликацијата?
Апликацијата можат да ја симнат сите граѓани, меѓутоа истата можат да ја користат само оние граѓани кои се регистрирани на е-пдд, од причина што за најава на апликацијата можат да се користат истите податоци (е-маил и лозинка) од регистрацијата на е-пдд.
5. Што со тие кои не се регистрирани?
Доколку граѓаните не се регистрирана на е-пдд, истите можат тоа да го направат во било кој момент, електронски а потоа регистрацијата да ја верификуваат во било која организациона единица на УЈП.
6. Како очекувате сега да се снајдат пензионерите или тие без интернет, без
компјутери?
За регистрација на е-пдд, пензионерите и социјално ранливите категории, ќе можат веднаш да се регистрираат во системот на е-пдд, во било која организациона единица на УЈП, само врз основа на важечки документ за идентификација (лична карта, пасош), без претходна електронска регистрација.
За скенирање на фискалните сметки, овие граѓани во секоја организациона единица на УЈП, со помош на службениците на УЈП, ќе можат да ги скенираат фискалните сметки на уредитена УЈП (киоск апарати, скенери и смартфони).
7. Колку сметки дневно може да се скенираат?
Не постои ограничување на број на фискални сметки коишто можат да скенираат на дневна основа.
8. Дали системот ќе може да издржи скенирање на многу сметки?
Управата за јавни приходи, при подготовките за имплементација на овој проект направи технички адаптации на системот на УЈП се цел да се справи со огромен број на пријавени фискални сметки.
9. Колку изнесува лимитот за поврат на ДДВ за едно физичко лице?
Лимитот изнесува 1.800 денари за едно тромесечје, односно 600 денари месечно или 7.200 годишно за едно лице.
10. Што кога ќе се надмине лимитот?
Доколку се надмине лимитот од 600 денари месечно за едно лице, остатокот од сумата се пренесува во наредниот месец, во рамките на едно тромесечје.
11. Дали системот препознава измама – пример скенирање на една сметка два пати?
Да. Фискалната сметка може да се скенира само еднаш, за секоја наредно скенирање на иста сметка, апликацијата ќе ја одбие регистрацијата на сметката, за истото корисникот на апликацијата ќе добие автоматска порака од самата апликација.
12. Кој ќе го пресметува вкупниот износ? Како да знаеме колкав поврат сме оствариле?
Калкулациите, за износот којшто ќе се враќа, се вршат автоматски од самата апликација, при што се пресметува 15% од вкупниот износ на искажаниот ДДВ во фискалните сметки за секое тромесечје. По истекот на секое тромесечје ќе се направат дополнително проверки од страна на УЈП, а граѓаните со исплатата ќе добијат известување испратено на нивните е-маил адреси.
13. Дали системот ќе ми прифати сметка над 30 000 денари?
Системот нема да прифати сметки над 30.000 денари а за истото корисникот на
апликацијата ќе добие автоматска порака од самата апликација.
14. Кој е најнискиот износ кој може да биде вратен?
Предвиден е лимит во висина од 50 денари како најнизок износ за враќање на данокот за едно тромесечје, со цел да се намали бројот на трансакции (а со тоа и банкарската провизија) за незначителни износи. При што доколку износот што треба да се исплати е понизок од 50 денари, граѓаните не го губат правото на враќање туку, истите средства ќе се префрлат во исплатата за следното тромесечје.
15. Дали апликацијата е тестирана и готова? Од кога ќе може да се симнува?
Апликацијата за корисници на Андроид паметни телефони е готова и може да се симне и користи од Google Play стор од 01.07.2019 година, Апликацијата за корисници на IOS, паметни телефони се очекува во секој момент да биде објавена на iOS app store.
16. Дали само сметките од 1-ви јули ќе важат?
Да, системот ќе ги прифати само сметките кои се издадени од 01.07.2019 година, доколку се скенираат постари сметки а информација за невалидност на фискалните сметки корисникот на апликацијата ќе добие автоматска порака од самата апликација.
17. Зошто некои бар – кодови на фискални сметки не можат да се скенираат?
Под претпоставка дека станува збор за исправен паметен телефон, можно е бар код да
биде оштетен или истиот да биде не целосно отпечатен од фискалниот принтер (поради нецелосна техничка исправност на фискалниот апарат или речиси целосна искористениот на тонерот). За овие случаи ги повикуваме граѓаните во организационите едници на УЈП (вкупно 36), каде што граѓаните со помош службениците на УЈП ќе можат да ги скенираат овие фискални сметки на киоск апаратите или скенирате кои можат да прочитаат и делумно оштетени фискални сметки.
18. Зошто за дел од фискалните сметки кој ги издаваат мали фирми во фискалната сметка стои износ на ДДВ нула?
Малите даночни обврзници кои во претходната година оствариле промет понизок од
1.000.000 денари, немаат обврска да бидат регистрирани за целите за ДДВ, а со тоа и да пресметуваат ДДВ. Меѓутоа имаат обврска да издаваат фискални сметки. Врз основа на наведеното граѓаните не можат да го остварат правото на поврат на ДДВ од причина што ДДВ воопшто не бил платен. Покрај наведеното, малите даночни обврзници можат да изберат доброволно да се регистрираат за целите на ДДВ независно што прометот за претходната година бил понизок од 1.000.000 денари.
19. Кои други категории на даночни обврзници се ослободени од обврската за издавање на фискални сметки?
• лицата кои извршуваат континуиран промет, за кои издаваат сметки и за кои се
предвидени последователни плаќања (испорака на струја, вода, телефонски услуги,
греење и ладење и друго);
• продажба на добра или услуги преку автомати за продажба кои работат со монети и
книжни пари;
• даночни обврзници кои данокот од доход за приходите од вршење на дејност го плаќаат според паушално утврден нето приход;
• лицата кои не се трговци за прометот на непреработено и сопствено земјоделско
производство што го вршат на тезги на пазари, како и надвор од пазарите;
• физички лица кои издаваат под закуп станбен или деловен простор;
• лицата кои вршат дејност во објекти што се наоѓаат во населени места со број на жители под 300 луѓе и кои се сместени во високопланински и тешко достапни места со исклучок на туристички места;
• лицата кои вршат улична продажба на весници и списанија-колпортерска продажба; и
• лицата кои вршат улична продажба на лозовите што се употребуваат при приредување на игрите на среќа од типот инстант лотарија како и на картичките што се употребуваат при приредување на игрите на среќа од типот томбола.
20. Дали повратот на ДДВ може да се направи и на добрата и услугите кои се оданочуваат со 5% и доколку една фискална сметка содржи артикли со 18% и со 5% на која основа ќе се пресметува повратот на ДДВ?
Повратот на 15 % од ДДВ, ќе се врши на вкупниот износ на ДДВ искажан во фискалната сметка, независно од тоа дали фискалната сметка ќе содржи поединечни артикли со стапка 18% или стапка од 5%.
21. Дали сметките треба да се чуваат се додека се оствари повратот на ДДВ?
Граѓаните немаат обврска да ги чуваат фискалните сметки додека се оствари повратот од ДДВ. Доволно е да ги скенираат преку апликацијата МојДДВ, НО не подоцна од 10 дена од издавањето на фискалната сметка.
22. Која е возрасната граница за остварување на правото на поврат на ДДВ ?
Правото на поврат на ДДВ можат да го остварат за сите лицата со навршени 15 години, кој имаат документ за лична идентификација, од причина што лицата под навршени 15 години не се деловни способни и немаат право на лична карта.
23. Дали повратот на ДДВ се однесува и за плаќање на услуги?
Поврат на 15% од ДДВ ќе се врши за сите добра и услуги за кои плаќањето се издава
фискална сметка. Притоа во ова не се вклучени комуналните сметки (струја, вода), бидејќи за истите не се издаваат фискални сметки, туку се наплатуваат преку фактура.
24. Некомпатибилна апликација (Your device isn›t compatible with this version).
Апликацијата може да се користи на уреди со Android 4.4 и нагоре, со камера со autofocus.
25. Логирање.
Се користат емаил и лозинка од е – ПДД, за да се добие корисничкиот број. Ако сте ја
заборавиле лозинката треба да ја ресетирате преку системот е – ПДД. Се генерира пин само првиот пат а после истиот се користи за логирање. Внимавајте на мали/големи букви во мејлот.
26. Невалиден пин / Промена на пин.
Пинот којшто може да се внесе е 4-цифрен број од 1000 до 9999. Ако сте го заборавиле пинот, горе десно во менито имате опција за промена/внесување на нов пин.
27. Внесување на трансакциска сметка.
Се внесува трансакциската сметка и лозинката од е-ПДД (а не пинот) за потврда.
Трансакциската сметка не е иста со број на дебитна/кредитна картичка.
28. Нема конекција до УЈП.
Проверете дали имате активна интернет врска (3G, 4G, WiFi).
29. Скенирање.
Кога ќе се отвори камерата, вашиот телефон функционира како скенер и треба да се
позиционира над баркодот на фискалната сметка за да ја прочита. Не треба да има опција да се фотографира или да се снима.