Centar.mk
СВЕТ

Специјалниот претставник на Кремљ: Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изјави во Вашингтон дека Русија, САД и Украина се прилично блиску до дипломатско решение за завршување на војната.

Во интервју за Си-Ен-Ен тој рече дека планираниот самит меѓу Доналд Трамп и Путин не е откажан, туку само одложен. Дмитриев ја пофали одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи ја голем потег, бидејќи, според него, Зеленски сега прифаќа дека преговорите треба да се водат врз основа на постојните линии на фронтот.

„Претходно неговиот став беше дека Русија мора целосно да се повлече. Сега верувам дека сме многу блиску до дипломатско решение,“ изјави Дмитриев./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Повлечено предупредувањето за цунами по земјотресот на Филипините

C +

Министерот за одбрана на САД: Голем договор со Иран е блиску

C +

Каја Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација

C +