20.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вечерва невреме низ Македонија

Од денес до петок во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Поради големата енергија во атмосферата ќе има услови за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер.

Прогноза за 05.07.2019
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 28°С до 36°C
Претпладне сончево и топло, попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 06.07.2019
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 29°C до 37°C
Сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=9

Прогноза за 07.07.2019
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 37°C
Сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=9