8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВО ФОКУСОТМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев објави: Ова се новите министри

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово најави дека во предлогот што ќе го достави до собранието за нови членови на владата се предвидува тој ќе стане воедно и министер за финансии на местото на Драган Тевдовски.

-Обврската за министер за финансии, покрај премиерската функција ќе ја вршам јас одреден период. Оваа одлука ја донесов заради тоа што оваа година ќе биде година за економијата. Тевдовски ќе работи околу мене, како советник. Следуваат храбри одлуки од кои бенефит ќе имаат сите граѓани – рече Заев.

Заев исто такс соопшти дека нов министер за земјоделство на местото на Љупчо Николовски ќе биде Трајан Димкоски и потврди дека нов министер за екологија ќе биде Насер Нуредини, за локална самоуправа ќе биде Горан Милевски, за политички систем ќе биде Садула Дураки.

Спонзорирано: