Специјалната јавна обвинетелка Фатиме Фетаи на 1ТВ рече дека има многу снимки и пораки за случајот „Монструм“ за масакрот кај Смилковци.
-Има илјадници снимки, пораки, траскрипти кои секако ќе бидат предложени како докази. Сметам дека голем дел од тие снимки и пораки нема сусштински да влијаат, сепак дури и она што јас лично сметам дека не е премногу битно, ќе го предложам како доказ за да нема сомнежи дека нешто криеме. Можам деа гарантирам дека ќе има соодветна правна квалификација за секое лице кое е инволирано во тој настан. Сепак не се работи за едноставен предмет, апелирам до сите кои сакаат со јавноста да споделат информации и да добијат публицитет, да не си играат со чуствата на семејствата на жртвите, туку нека дојдат во обвинителството или во Суд. А, собирање лајкови на оваа тема е нечовечно, кажа Фетаи вчера.
Случајот „Монструм“ се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Во сите пет жртви е пукано од „релативно блиску“ или најмногу до 1,5 метри оддалечност, со две автоматски пушки „калашников“ и пиштол.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.