24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Заев на Криволак: Армијата покажува дека сме подготвени не само политички, туку и воено за членство во НАТО

Премиерот Зоран Заев го посети армискиот полигон Криволак, каде се одржа „Ден на високи гости“ во рамки на вежбата „Одлучен удар“. „Останува, навистина целосно да се согласам и да го споделам исто моето задоволство, заедно со претседателот на државата што учествуваме, дефинитивно во најголемата воена вежба „Одлучен удар“, која што се организира на еден од најдобрите полигони во овој дел од светот. Со тоа покажуваме еднаквост во партнерството со нашите сојузници, со земјите-членки на НАТО. Горд сум на нашата војска, заради тоа што демонстрираше денеска, пред нас, високите претставници на извршната власт, во присуство на претседателот на државата, но и амбасадорите, еднаква подготвеност во вежбовни активности кои што се воедначување на нивната подготвеност за мировните процеси, кои што секаде НАТО ги има во светот.

Горд сум на сите наши војници, заради тоа што имаат и желба да се усовршуваат и унапредуваат. Знам, дека ќе ги исполниме сите оние наши очекувања, да имаме достоинствена и горда Армија, која што рамо до рамо со нашите сојузници ќе се грижи за мирот во светот и ќе продолжи да го гарантира мирот во светот. Денешното учество на претставници на нашата Армија со претставници на уште пет земји-членки на НАТО навистина ја испраќа пораката дека сме подготвени не само политички, туку и воено преку нашата Армија. Дека храбро чекориме во тој процес и дека конечно нашата земја го достигнува тоа што е стратешка аспирација, полноправното членство во НАТО и политички и технички и армиски, што треба да биде сериозна гаранција за нашите граѓани. За траен мир, за никогаш повеќе да нема војна, за стабилност, сигурност, но и да го гарантира чувството дека навистина и надвор од територијата на Република Северна Македонија го гарантираме мирот и безбедноста на сите граѓани на светот“,рече Заев.

На прашање на новинарите за годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа и за придобивките од него од денешна перспектива, премиерот Заев рече дека и вежбата „Одлучен удар“ е една од придобивките.

„Една година од Преспа, прво, добивме нов пријател. Не, дека со Грција имавме некои сериозни непријателства, но навистина беше чувството лошо, горко, кога бевме застанати во нашите интегративни процеси.Еве после една година, првите придобивки ги гледаме како импликации на оваа вежба, како наша подготовка за целосно членство во НАТО. Тоа е остварување на една од големите стратешки цели на нашата земја, на целиот овој регион, на Република Северна Македонија која што не пред векови, туку пред 17-18 години имаше конфликти внатре. Сега тоа значи траен мир, стабилност, безбедност и сигурност. Гледате дека паралелно со тоа ги тераме сите процеси во Европската Унија и ние сме пред добивање на датумот, после 15 години за почеток на преговори со ЕУ. Сето тоа носи економија, носи повисок стандард, бројките се веќе импресивни, тие растат и ќе продолжат да растат. На крајот, доказ е сето тоа како еден сублимат.Договорите дефинитивно куќа градат.Ние преку тоа ја градиме нашата заедничка куќа, Република Северна Македонија. Да биде дом којшто ќе топли, во кој што сите ќе останат. Каде што ќе живеат заедно организирајќи го својот живот со своите деца. Животот е едноставен и еден, мораме да го направиме да биде подобар, попримамлив и посреќен за сите. Една година со сите успеси кои што ги постигнавме, на економски план, на планот на НАТО, на планот на ЕУ, на планот на реформите дома, навистина, покажуваат дека вредело. Вредело, заради тоа што сите сме фокусирани кон подобра иднина на нашите граѓани“, истакна Заев.