10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Татко и син приведени во полиција по семејна драма во Велес

Татко и син се приведени во полиција по семејна драма која што се случувала во Велес. Како што информира полицијата, вчера околу 15 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Горно Оризари, Велешко, по вербална расправија, В.А.(60) се обидел физички да ја нападне неговата 52-годишна сопруга, но бил спречен од неговиот 30-годишен син.

Според пријавеното, после тоа таткото зел пиштол, но синот успеал да му го одземе, излегол надвор и испукал неколку куршуми во воздух. По преземени мерки, таткото и синот биле приведени во СВР Велес за понатамошна постапка.

Спонзорирано: