Глобалниот индекс за мир, објавен од Меѓународниот институт за економија и мир, независен истражувачки центар чија цел е мерење на мирот и стабилноста во светот, вели дека светот минатата година беше помирно место, а нашата земја има неверојатен скок од 23 процентни поени.
24 земји во Европа забележале намалување на тероризмот во однос на неговото влијание минатата година, иако забележува зголемување во осум земји, вклучувајќи ја и соседна Србија.
Индексот, објавен во средата, користи 22 индикатори што се движат од ниво нивото на воени трошоци до односите на една земја со соседите и процентот на нејзиното население затворено во затворите.
Анализата спроведена во 163. земји покажува дека Исланд е најмирната земја во светот, а веднаш по неа се Данска, Нов Зеланд, Португалија и Австрија.
Словенија се најде на врвот во балканскиот регион, освојувајќи го осмото место од вкупно 163. земји, додека Бугарија е на 26. место. Хрватска е на 28. место, Србија на 50. место, Албанија на 51. место и Северна Македонија на 65. место. Црна Гора е на 67. место, а по неа се Босна и Херцеговина на 81. и Косово на 86 место.
Србија е за пет поени повисоко од последниот индекс, Косово е за осум поени, Босна за девет поени, додека Северна Македонија за неверојатни 23 поени над својата претходна оценка.
Според податоците на индексот за МИР, во Европа помирно се живее.
Целиот извештај можете да го прочитате ТУКА.