Centar.mk
БИЗНИС

Поскапува бензинот

Регулаторната комисија за енергетика ја објави најновата одфлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе важат оваа недела.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со Одлуката од 10.06.2019 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.06.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.06.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 33,003 ден/кг.

Цените важат од полноќ до идниот понеделник.

Можеби ќе ве интересира

Мета отпушта 8.000 работници поради инвестиции во вештачка интелигенција

C +

Туристичката комора на ССКМ иницира одложување на примената на EES системот на грчките граници за македонски државјани за време на летната сезона

ДЕСК

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

ДЕСК