Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ердоган доаѓа во Охрид за отварањето на Алипашината џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган ќе дојде на отворањето на Алипашината џамија во Охрид.

Tурската амбасадорка Тулин Еркал Кара соопшти дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ќе присуствува на официјалното ставање во употреба на Алипашината џамија во Охрид, пренесува Охрид Њуз.

„Се работи на усогласување на термин кој одговара на сите, претседателот Ердоган заедно со македонскиот државен врв да присуствува на свеченото отворање на реконструираната џамија во Охрид“ – рече Тулин Еркал Кара.

Амбасадорката на Турција не гледа ништо спорно што реконструкцијата на Али Пашината џамија која три години се туркаше само со проект за реставрација и конзервација изработен од Завод и Музеј Охрид и без одобрение за градба.

Од „Совест“ реагираа на нелегалната изградба на минарето од 32 метри. Во Охрид имаше и протести поради градењето на минарето. Граѓаните тогаш апелираа премиерот Зоран Заев да помогне да се реши овој проблем.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК