Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Момче удрило во карпа во езерото Матка, со тешки повреди пренесено во болница

Деветнаесегодишно момче со тешки пвореди било пренесено во болница, откако удрило во подводна карпа во езерото Матка.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера. Од Ургентен центар околу 18 и 30 часот било пријавено во полиција дека со тешки телесни повреди бил донесен Ч.Н.(19) од Скопје.

Според пријавеното, околу 18.10 часот Ч.Н., кој бил со друштво на Матка, од висина скокнал во езерото. Според пријавата, најверојатно се удрил во карпа под водата и кога испливал на површина обилно крварел од главата.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +