24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

МВР вработува: Потребни се 600 полицајци, а ова е начинот за да се пријавите

Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник“ бр. 42/2014, 116/2014, 33/2015, 5/2016, 120/2016, 127/2016, 142/2016, 190/2016 и 21/2018) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на РМ” бр. 114/2006, 6/2009, 145/2012, 41/2014, 33/2015, 31/2016, 106/2016, 120/2016, 21/2018 и 64/2018), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец („Службен весник на РМ“ бр.8/2015 и 130/2016) , Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

I.За засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:

Во Сектор за внатрешни работи Скопје – 150 извршители, во Сектор за внатрешни работи Струмица – 50 извршители, во Сектор за внатрешни работи Охрид – 70 извршители, во Сектор за внатрешни работи Битола – 10 извршители, во Сектор за внатрешни работи Тетово -10 извршители, во Сектор за внатрешни работи Велес – 20 извршители, во Сектор за внатрешни работи Штип – 10 извршители, во Сектор за внатрешни работи Куманово- 10 извршители, во Регионален центар за гранични работи Север – 100 извршители, во Регионален центар за гранични работи Запад —100 извршители, во Регионален центар за гранични работи Југ- 50 извршители, во Регионален центар за гранични работи Исток -20 извршители

1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

-да е државјанин на Република Северна Македонија; да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование; активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо; со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот; да има завршено најмалку четиригодишно средно образование; да е здравствено и психофизички способен и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

2.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
-потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена); висока лична физичка подготвеност.

3.Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
-извод од матична книга на родените, диплома за завршено четиригодишно средно образование; диплома за завршено четиригодишно средно образование; доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност и две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:
-Сектор за внатрешни работи Скопје: Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба, Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и Полициска станица од општа надлежност-Карпош. Сектор за внатрешни работи Битола; Сектор за внатрешни работи Велес; Сектор за внатрешни работи Куманово, Сектор за внатрешни работи Тетово; Сектор за внатрешни работи Охрид; Сектор за внатрешни работи Струмица, Сектор за внатрешни работи Штип.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување

При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.
Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.
Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (07,30-16,30 часот).

4.При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.

5.Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:

-Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполнетост на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);

-Проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 склекови за 10 секунди, најмалку 16 стомачни подигања за 30 секунди, скок во далечина од место со минимална должина од 220см, спринт на 20 метри за најмалку 3,35 секунди, спринт на 100 метри за најмалку 15 секунди и трчање на 1500 метри за најмалку 5,25 минути и за жени: најмалку 6 склекови за 10 секунди, најмалку 12 стомачни подигања за 30 секунди, скок во далечина од место со минимална должина од 160 см, спринт на 20 метри за најмалку 3,50 секунди, спринт на 100 метри за најмалку 18 секунди и трчање на 800 метри за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),

-Психолошки тест (проверка на интелектуалните и емоционалните способности), Писмено тестирање (општообразовен тест), Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице), Безбедносна проверка и Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

6.Министерството за внатрешни работи ќе врши безбедносна проверка на пријавените лица врз основа на нивна претходна дадена на писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

7.Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8.При спроведување на селекцијата на пријавените лица им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.“

9.По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од (1) една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува статус „полицаец приправник”.
Министерството за внатрешни работи УКАЖУВА дека согласно закон, полицаецот со договорот за вработување се обврзува да остане на работа најмалку пет години на работно место „полицаец” сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука згалемени за три пати.

11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

12.Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува.