Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Министерот Спасовски и чешкиот премиер Бабиш ги посетија чешките полицајци на јужната граница

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот на Чешката Република Андреј Бабиш денеска го посетија транзитниот центар Винојуг и имаа средба со чешките полициски службеници кои и помагаат на нашата полиција на јужната граница.

-Сакам да нагласам дека поддршката која Чешката Република ни ја даде за време на миграциската криза, како и справување со последиците од истата е од непроценлива важност. Би сакал во оваа прилика да се заблагодарам за присуството на чешките полициски службеници, кои учествуваат во заедничките активности со нашите полициски службеници за зајакнат надзор и контрола на јужната граница“, рече министерот Спасовски.

Од започнување на проектот за зголемена контрола и надзор на јужниот дел на нашата државна граница до 04 август 2019 година бројката ќе достигне 1054 чешки полициски службеници, распределени во 27 контингенти и истата ќе продолжи до крајот на 2019 година, односно до започнување на активностите за поголем надзор на државната граница со ФРОНТЕКС.

-Професионализмот и искуството кои чешките полициски службеници несебично ги споделуваат со своите македонски колеги, заслужуваат голема почит и за нас се од непроценливо значење.Чешката Република е најголем поддржувач на Република Северна Македонија и направи многу за да и помогне на нашата држава во справувањето со миграциската криза, а во таа насока сакам дополнително да се заблагодарам за доделените донации за справување со последиците од миграциската криза – рече Спасовски.

Владата и Министерството за внатрешни работи на Чешка Република донираа материјално – технички и финансиски средства во висина од околу 4.000.000 евра, распределени во 6 донации, заедно со последната донација во висина од околу милион евра.

Премиерот Бабиш ја потенцираше одличната соработка меѓу двете држави и особено меѓу двете полиции.

-Би сакал да и се заблагодарам на Република Северна Македонија за тоа што го направи и го прави во спречувањето на нелегалната миграција. Присуството на нашите полициски службеници тука ја покажува нашата солидарност и мило ми е што за нив слушам само добри зборови- рече премиерот Бабиш, потенцирајќи дека Чешка и во иднина ќе ја поддржува Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се излизга – Лефков фатен во обид да исфабрикува скандал со лажна фотографија

ДЕСК

Во Детска клиника донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот

ДЕСК

Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гаснење на шумските пожари во Македонија

C +