Секое лето, повеќето се борат со исти проблеми – изгореници од сонце.
За почеток, што подразбираат изгорениците од сонце? Во медицинскиот свет, изгорениците од сонце се познати како еритем. Во основа тоа значи дека црвенилото на кожата е предизвикано од дилатација и блокада на капиларите, а тоа е често знак за воспаление или инфекција. Наведеното може да го предизвикаат неколку работи, а тоа се: инфекции, алергии или сончеви и ултравиолетови зраци.
Ултравиолетовите (УВ) зраци кои предизвикуваат изгореници доаѓаат во два облици – УВ-А и УВ-Б. Овие зраци, како и електромагнетното зрачење, доаѓаат во бранови на одредени фрекфенции. Брановите продираат во кожата и се апсорбираат на различни длабочини.
За лечење на изгорениците од сонце, може да ви послужи и вашата домашна аптека.
Лековите како што аспирин се користат да ја намалат болката, особено ако се работи за почетна фаза.
За поблаги изгореници, ладната вода и млекото се одлични. Исто така, може да користите ладни облоги.
Алое вера гел или лосион може да ја смират иритираната кожа. За намалување на степенот изгореници, може да ви помогне и ладна купка. Избегнувајте сол за капење, масла и парфеми, бидејќи можат да предизвикаат несакани реакции.
И секако не излегувајте на сонце, додека не поминат изгорениците.
Фото: Pixabay