Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАПРАВИ САМ

Исчистете го вашиот тепих во еден потег, без воопшто да го поместите

Чистењето на теписите може да биде многу заморно, бидејќи потребно е да ги изнесете надвор, да ги исперете, да ги оставите да се исушат, а притоа многумина користат и куп хемикалии кои не се добри за здравјето.

Тука ќе ви покажеме интересен и корисен начин како успешно и лесно да ги исчистите теписите без да ги поместите. Вашите теписи ќе изгледаат како нови!

Прво исшмукајте го тепихот, а потоа на памучна крпа нанесете оцет и добро пребришете го тепихот. Земете друга крпа, малку навлажнете ја и на неа нанесете сода бикарбона, па со неа, исто така, пребришете го тепихот.

Оставете го така 20 минути, а потоа повторно исшмукајте. Ќе забележите подобрување бидејќи оцетот и содата се многу ефикасни.

Добри се за чистење разни тврдокорни дамки на кујнски површини, во купатило и сл. Содата може да ви послужи и при отстранување флеки од облеката.

Со оцетот можете успешно да го отстраните бигорот во купатилото. Овие природни состојки се многу подобри од бројни хемикалии.

Можеби ќе ве интересира

Како грст ориз во тоалетот може да реши голем број проблеми – од непријатен мирис до бигор?

ДЕСК

Никогаш полесно и поевтино: Еве како да ги отстраните дамките од кафе

ДЕСК

Трикот на искусните домаќинки: Евтина состојка од кујната која може да ви помогне ДА ГО ИСЧИСТИТЕ ТОАЛЕТОТ

ДЕСК