Утре ќе се задржи променливо и нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Во петок и за време на викендот се очекува стабилно, суво и топло време со значителен пораст на температурата.
Прогноза за 06.06.2019
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 22°С до 29°C
Сончево со умерена облачност, попладне со краткотраен локален дожд и ретки грмежи
Прогноза за 07.06.2019
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 25°C до 33°C
Сончево и значително потопло со мала до умерена облачност.
Прогноза за 08.06.2019
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност.