6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Чипс од рерна со пармезан

Пармезанот им дава посебен вкус на крцкавите компирчиња од рерна…

Состојки:

  • 4 поголеми компири
  • 1 лажица растопен путер
  • 3 лажици рендан пармезан
  • прстофат мелена пиперка
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

Компирите излупете ги и исечете ги на тенки кругови. Прелијте ги круговите со растопен путер и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Преку компирите посипете пармезан, пиперка, сол и бибер.

Печете го чипсот во рерна загреана на 220 степени додека убаво не порумени, околу 20 минути.

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира

Дали сте шокирани од цената на црвеното месо? Овие три намирници се добри замени за протеини

ДЕСК

Колку време навистина може да ги чуваме јајцата во фрижидер?

ДЕСК

Од кујната на Давор: Како да подготвите посен колач со новиот оризов напиток од Виталиа?

C +