Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше Охридскиот регион, институциите веќе постапуваат по препораките од УНЕСКО

– ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за Охридскиот регион бидејќи токму оваа партија е главен виновник за состојбата на Охридскиот регион, реагираат од СДСМ.

– Токму бизнис и личните интереси на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години, со кои свесно се уништуваше Охридскиот регион се причините за состојбата во која денес се наоѓаат Охрид и Охридскиот регион.

Граѓаните и јавноста многу добро се сеќаваат на неконтролираното градење на Плаошник и Галичица, на осудениот криминалец Субрата Рој кој Груевски го претставуваше како инвеститор, на мегаломанските градби на Охридското езеро кои ги задоволуваа бизнис апетитите на фамилијата и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кребилитет да зборува за настанатиот хаос.

Денес, Владата предводена од СДСМ е во постојана соработка со општините, граѓанскиот сектор, стручната јавност со цел да се решат наследените проблеми и да се одговори на реалните потреби на Охридскиот регион.

Како што е јавно објавено, и Општина Охрид преку низ мерки активно е вклучена во процесот на исполнување на препораките од УНЕСКО за задржување на постојниот статус.

Предлогот на УНЕСКО, Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство претставува дополнителен мотив за нов поинтензивен бран активности и мерки за заштита на охридското природно и културно наследство.

Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции, остануваат посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО со цел да се заштити културното и природното богатство на Охридскиот регион, се вели во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК