12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈАИЗБОР

Границите на Земјината атмосфера се наоѓаат многу подалеку од Месечината

Истражувачите дојдоа до неверојатно откритие. Надворешната атмосфера на Земјата се проширува многу подалеку отколку што се очекуваше, поточно околу 630.000 километри, што е приближно 50 пати повеќе од дијаметарот на нашата планета. Очигледно таму не може да се дише затоа што атмосферата станува поретка како што се оддалечуваме од Земјината површина, но ова откритие е значајно кога се работи за вселенските истражувања и патувања.

Овие откритија, објавени во Journal of Geophysical Research: Space Physics, се направени благодарение на децениските набљудувања од страна на соларната хелиосферна опсерваторија (SOHO) на ESA/NASA. Истражувањата се всушност направени пред неколку децении, а може да се вршат само во определeни периоди од годината.

„Месечината се наоѓа во Земјината атмосфера“, изјави Игор Баилукин, водечкиот автор од Рускиот вселенски институт. „Не бевме свесни за ова сè додека не ги искористивме податоците од истражувањата направени пред неколку децении од страна на СОХО“.

Податоците покажуваат дека Земјината егзосфера е малку погуста отколку интерпланетарниот простор. На далечина од 384.000 километри (оддалеченоста на Месечината од Земјата) има 0,2 атоми на еден кубен сантиметар. На 60.000 километри од Земјата има 70 атоми на водород во еден кубен сантиметар и густината опаѓа на помалку од еден атом на кубен сантиметар на оддалеченост четирипати повеќе од неа. Наспроти малата густина, водородот стапува во реакција со сончевите зраци, поточно ултравиолетовите. Ова емитирање е она што им овозможува на научниците да ја изучуваат таканаречената геокорона.

„Во тоа време астронаутите што се наоѓале на површината на Месечината не знаеле дека всушност се наоѓаат во геокороната“, објаснува Жан-Лу Берто, коавтор.

Ова откритие може да има големо влијание и во истражувањето на егзопланетите. Ултравиолетово сјаење од водород во егзосферата на една планета сугерира на постоење водна пареа блиску до површината. Ова е случај со Венера, Земјата и со Марс. Детектирањето ваква појава околу една планета во друг ѕвезден систем може да ни посочи за постоење воден резервоар на тоа место.

Спонзорирано: