Centar.mk
АВТО ЦЕНТАРБИЗНИС

Германски автомобилски гигант казнет поради штетните гасови

Германскиот снабдувач на автоделови, компанијата „Бош“, се согласи да плати 90 милиони казна поради пропусти во обврските за надзор, што на производителите на автомобили им овозможи да манипулираат со емисијата на штетни гасови, соопшти денес обвинителството во Штутгарт.

Скандалот, популарно наречен „Дизелгејт“, во кој автомобилските компании користеа софтвер за фалсификување на податоците за тестирање на емисиите на издувни гасови, беше реализиран со помош на технологијата на „Бош“.

Од „Бош“ ја прифатија казната и нема да се жалат на одлуката, велат од обвинителството.

Германски „Фолксваген“ користеше елементи на софтверот на „Бош“ за да ги замаскира нелегалните емисии на штетни гасови во своите дизел-автомобили.

Можеби ќе ве интересира

Курсна листа за 9.3.2026

ДЕСК

Денеска се носи одлука за новите цени на горивата во Македонија

ДЕСК

Минималецот расте за 1.667 денари – две минимални плати се помалку за над 14 илјади денари од пресметаната синдикална кошничка

ДЕСК