Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поднесено е обвинение за обидот за убиство во гостилницата во Хиподром

Скопското Обвинителство поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – убиство.

„Осомничениот на 24 февруари со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, така што додека седеле на разни маси во дворот на гостилница, без предупредување му пришол на оштетениот, извадил нож од џебот и замавнал. Притоа на оштетениот му нанел тешка телесна повреда – влезно-убодна рана во пределот на абдоменот оштетувајќи му неколку органи. По ова, реагирале други лица што седеле на масата со оштетениот и осомничениот се оддалечил од местото“, велат од Обвинителството.

Со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител ценел дека се исполнети сите законски основи, до судот доставил и посебен предлог за претходно определената мерка куќен притвор против обвинетото лице да се продолжи.

Можеби ќе ве интересира

Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки во битолско, апел до граѓаните да не наседнуваат

ДЕСК

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 11 без возачка дозвола, од кои еден малолетник, девет управувале возило по дејство на алкохол и три со активна забрана

ДЕСК

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот

ДЕСК