Centar.mk
ЛОКАЛНО

Деца од градинките и училиштата од Кисела Вода учествуваа на манифестацијата „Скопје цвета“

Шестиот скопски цветен фестивал што се одржа изминатиов викенд во градскиот парк во Скопје го збогатија деца од двете јавни детски градинки и општинските основни училишта од Кисела Вода.
Децата беа дел од големото цветно дефиле кое тргна од просториите на Град Скопје и се движеше низ градскиот парк.

Тие имаа можност да видат разни видови на цвеќиња и да научат нешто повеќе за нив.

Училиштата и градинките од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов добија благодарници за учество и придонес на фестивалот.

Манифестацијата „Скопје цвета“ што се одржа под покровителство на Градот Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“ покрај едукативниот дел испрати порака до сите граѓани за зачувување на животната средина.

Можеби ќе ве интересира

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК

Градоначалникот на Гостивар, Лимани го промовираше асфалтирањето на патот во Долна Бањица

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК