Centar.mk
ЛОКАЛНО

Најголемото светско изложбено шоу доаѓа во Карпош

Со поддршка на Општина Карпош, во организација на Амбасадата на САД во Скопје и „Американските катчиња“ во Северна Македонија, на 31.05.2019 (петок), ќе се одржи реномираниот меѓународен настан, насловен како „Skopje Mini Maker Faire“. Годинава, глобалното движење на иноватори, креативци, уметници, научници и љубители на технологијата, ќе ги презентираат своите креативни иновации во рамки на ВИП арената на спортската сала „Борис Трајковски“ (источен паркинг) до 10:00 до 19:00 часот.

Според агендата, ќе се одржат повеќе креативни и практични работилници, како и неколку предавања од значајни и успешни експерти од полето на технологијата, науката и уметностите.

„Mini Maker Faire“ за прв пат се одржа во Сан Матео, Калифорнија (САД), а во Њу Јорк се одржа „World Maker Faire“, кој за шест години достигна бројка од 900 активни учесници (Makers) и 95.000 посетители. Околу 40 „Maker Faire“ манифестации се одржуваат во повеќе светски метрополи какви што се: Берлин, Париз, Рим, Токио и други. Приближно 170 независни „Mini Maker Faires“, предводени од „Maker“ заедниците се одржуваат во САД и во 43 други држави ширум светот.

Можеби ќе ве интересира

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт

ДЕСК