Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Што всушност се случило со реното во смртоносниот момент? – Јавното обвинителство со нови детали за трагедијата во која починаа пет лица

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа во близина на Драчево, во која пет лица го загубија животот.

Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил Рено 5 со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени.

Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телата на починатите, а ќе се врши и сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата.

Можеби ќе ве интересира

„Носи ја промената“ преку дискусија за родово базирано насилство ги обедини експертите и меѓународните партнери во Велес

ДЕСК

HalkEco Skopje Run 10K ги спојува спортот и хуманоста: донации преку eCrowd

ДЕСК

Се проширува капацитетот на ОУ „Крум Тошев“ во Гази Баба

ДЕСК