Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Омега со охридски таблички излета од патот Кичево-Гостивар

фото: Centar.mk

На 14.05.2019 година во 14.00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на влез за с.Бокојчани, С.С.(42) од с.Србица, кичевско, управувајќи патничко возило „Опел Омега“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Кичево, од каде бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.