Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Познат идентитетот на починатите во тешката сообраќајка, меѓу мртвите и едно девојче

Македонската полиција излезе со детали за тешката сообраќајка која што синоќа се случи кај Драчево, а во која загинаа пет лица, меѓу кои и малолетно девојче, за која што цела ноќ во повеќе наврати известуваше Centar.mk.

Синоќа во 23.40 часот на бул.„ Борис Трајковски “ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(44) од Скопје “ и патничко возило „Рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје, информират од МВР.

Во несреќата возачот Ј.Л. и сопатниците во возилото „Рено“ – С.Н., А.Т. (54) од Скопје, Е.Т. (37) од Скопје и И.А. (40) од Скопје починале на местото на настанот, додека, пак, возачот на товарното возило – М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК