23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со судство кое суди по принципот Заев кажува, Русковска обвинува, Кацарска пресудува

Република Македонија повторно извиси, Заев и Пендаровски не добија датум за почеток на преговори во јуни оваа година. Заев и Пендаровски ги лажат граѓаните цела година дека во јуни ќе почнат преговорите за влез во ЕУ. Заев и Пендаровски добија ладен туш, соопшти СДСМ.

„Во ЕУ не се оди со криминалните шеми – ‘евро за црквата, евро за Вицето’. Во ЕУ не се оди со нереформирано судство и обвинителство, кое суди по принципот Заев кажува, Русковска обвинува, Кацарска пресудува.

Во ЕУ не се оди со партизирана администрација наполнета со роднини на функционерите на власта. Мира Дизел-вработувањата не се европски стандард.

Во ЕУ не се оди со руинирано здравство, девастирано земјоделие и лошо образование.Во ЕУ не се оди со јавен долг кој галопирачки за една година порасна за над половина милијарди евра. Во ЕУ не се оди со 0 оценка за стопанството. Во ЕУ не се оди со криминални тендери во четири очи кои ги добиваат партиски послушници. Во ЕУ не се оди со рекет на бизнисите и ограбување на граѓаните.

Глас за Пендаровски е глас за Заев. Глас за Пендаровски е глас за пропаст на државата. Република Македонија мора да тргне напред. Република Македонија мора да стане правна држава, каде што ќе владее правото. Гордана Сиљановска-Давкова е претседател кој ќе ги донесе промените. Глас за Сиљановска е глас против Заев и криминалите на Заеви. Глас за Сиљановска е глас за просперитетна иднина“, се наведува во партиското соопштени.