Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стево вечерва објави моќен статус на фејсбук: Давам целосна поддршка на иницијативата на потомците на децата бегалци за изучување на македонскиот јазик низ светот каде што живеат Македонци

Давам целосна поддршка на иницијативата на потомците на децата бегалци за изучување на македонскиот јазик низ светот каде што живеат Македонци, напиша вечерва претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.

– Нашиот јазик е нашето македонско богатство, сега потврдено и признаено од целиот свет.

Ќе се залагам нашиот јазик да живее и да се унапредува, а тоа е можно само ако обезбедиме нашите сонародници од дијаспората да го учат и употребуваат македонскиот јазик.

5 мај не е само ден за втор круг избори, 5 мај е Ден на македонскиот јазик, во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, објави Стево Пендаровски на својата фан страна на фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК