22.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ужас во Скопје: „Југо“ поминало на црвено и прегазило девојче, кое го влечело 20 метри

Доцна попланево на раскрсницата помеѓу населбата Влае и Хром било прегазено девојче, од патничко моторно возило „југо“. Според очевидци, возачот на автомобилот поминал на црвено светло, го удрил девојчето и го влечел 20 метри.

Очевидците додаваат дека ударот бил на пешачки премин, а автомобилот едвај застанал. Работите од прегазеното девојче, кои ги носела со себе, биле разлетни на сите страни.

Според неофицијални информации, девојчето е во Клиничкиот центар во Скопје и е во добра здравствена состојба.