8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Хајредини: Силјановска беше жестоко против Охридскиот договор, против терминот заедници, да не зборуваме за јазикот

Џевдет Хајредини, поранеше министер за финансии, одговори на повикот на кандидтаката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска за времето кога беше министерка во владата на СДСМ (1992-1994 година).

Хајредини е изненаден што таа воопшто се повикува на тоа нејзините колеги Албанци да кажат каква била таа како министер.

„Познавајќи ја одблиску, сметам дека, доколку се случи да победи на изборите, во иднина понезадоволна ќе биде самата ВМРО-ДПМНЕ, затоа што таа нема капацитет, како претседател на државата, да ги исполни нивните очекувања. Во тоа време имавме проблеми на релација сите македонски партии и ПДП, затоа што се вршеше огромен отпор за многу битни барања за Албанците, во поглед на образованието, јазикот и така натаму. Јас тогаш не видов и не можам да сведочам дека Гордана Силјановска Давкова нешто се разликувала од тој отпор“, вели Хајредини за „Цивил“.

Таа сите барања на Албанците, продолжува Хајредини, како што и сега всушност прави во последниве 10 години, ги квалификуваше како неуставни.
„Таа беше жестоко против Охридскиот договор, против терминот заедници, да не зборуваме за јазикот и така натаму. Тогаш стана збор за високото образование на албански јазик и таа, нам, на министрите на ПДП, ни велеше дека тоа е противуставно“, додава тој.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК