13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димитров ги искоментира билбордите на Сиљановска: „Правда за Македонија“ значи „неказнивост за партијата“

Министерот за надворешни работи го искоментира слоганот „Правда за Македонија“, на кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова, посочувајќи дека тоа значи неказнивоста за партијата, односно за луѓето на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Возам кон состанок сабајлево и ги гледам билбордите “Правда за Македонија”. Навидум, ова изгледа многу контрадикторно. Кандидатката на групата чија основна цел од денот кога ја слушнавме првата бомба до денес е да се избега од лична одговорност, па макар тоа да значи напад на Собранието или закопување на сопствената држава, стокмиле ваков слоган. За да се разбере, треба да се употреби нивниот специјален речник. Правда значи неказнивост, а Македонија значи партијата. Слоганот всушност е “Неказнивост за партијата”. Или уште попрецизно, за тесниот круг луѓе на врвот на партијата. Татковината тука за жал е само заложник и ништо повеќе“, напиша Димитров.

Спонзорирано: