Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој кажа дека од 98,28 отсто пребројани гласови, Пендаровски освоил 321.201, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска-Давкова 316.872, а кандидатот на Беса и Алијанса за Албанците, Блерим Река 79.169 гласови. Според овие првични неофицијални резултати, Пендаровски освоил 4.300 гласови повеќе од Силјановска-Давкова.

„На овие избори и во првиот и во вториот круг се одлучува дали ќе продолжиме напред. Во вториот круг ќе се спротистават два целосно спротивни концепти. Прогресивниот концепт на Стево и концептот на Силјановска кој е деструктивен. Знам дека во вториот круг уште посилно граѓаните ќе го поддржат напредокот“, рече Заев.

Тој додаде дека е убеден дека Пендаровски во вториот круг на 5 мај ќе го поддржат повеќе граѓани.

„Очекувам оние кои гласаа за Блерим Река на 5 мај да придонесат за патот кој води напред. Ова се важни избори зошто определуваат колку брзо ќе почнеме да живееме европски. Повикувам на големо обединување на вториот круг за сигурен чекор на патот кон ЕУ и НАТО“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК