Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија плаче: Прегазени двајца полицајци, едниот почина, другиот се бори за живот

На 21.04.2019 во 00.45 часот на регионален пат Куманово- Свети Николе во близина на крстосница со нас.Ајдучка Чешма патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во В.Ц.(37-год.-полициски службеник) и А.М. (25 год, кандидат за полициски службеник), кои биле на службена должност.

В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Св.Николе удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34).

Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесни повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.

С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против него во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК