Centar.mk
БИЗНИС

Трендот на раст на платите продолжува, економските политики даваат реални резултати, одиме напред, велат од владејачката СДСМ

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат реални, позитивни резултати во економијата, се вели во соопштението на владејачката СДСМ.

Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата исплатена во февруари 2019 изнесува 24.192 денари односно поголема е за 4.5 отсто во споредба со истиот месец во 2018 година, информираат од владејачката партија.

-Трендот на зголемувањето на платите продолжува и во иднина и тоа во сите сектори, а со тоа се овозможува повеќе пари да остануваат за граѓаните, повеќе пари во секое семејство.

Овие податоци се потврда за дел успешноста на економските политики и реформи на Владата предводена од СДСМ, коишто ја стабилизираа економијата и и дадоа позитивен раст.

Со интеграцијата на земјава во НАТО и започнување на преговори за членство во ЕУ, се очекува уште поголемо зголемување на инвестициите, отворање на нови фондови, со тоа и зголемување на конкурентноста на македонската економија.

Затоа е важно напредокот да продолжи, заклучуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК