7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Петок и понеделник неработни денови – Добиваме четири споени дена за одмор

За Велигден, големиот празник кој ни е на праг, добиваме 4 неработни денови, и шанса да одмориме, а веднаш по Велигден е и Први мај.

Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:

За сите граѓани на РМ

29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

1 Мај (среда), Ден на Трудот

23 мај (четврток), првиот ден на Рамазан Бајрам

24 Мај (петок), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

2 Август (петок), Ден на Републиката

8 Септември (понеделник), Ден на независноста

11 Октомври (петок), Ден на народното востание

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед

26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

21 април (недела), Велигден-Католички

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 Мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Спонзорирано: