23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов “распали” по Сиљановска: Осудени насилници и криминалци стојат зад Сиљановска, затоа не го осуди насилството од 27 април

– Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е поддржана од насилници, осудени за насилствата за 27 април. Меѓу поддржувачите на Сиљановска е и Игор Југ, познат на јавноста како еден од осудениците, осудени за настаните од 27 април за терористичко загрозување на уставниот поредок, порача Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

– Меѓу нејзините поддржувачи е и осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски.

Осудени криминалци стојат зад Сиљановска, тоа кажува се, рече Костадинов.

– Дали Сиљановска си ја купи поддршката од овие насилници и криминалци со молкот за крвавите настани од 27-ми април?

Затоа ли Гордана Сиљановска не го осуди насилството, обидите за убиства на пратеници?

Затоа ли Гордана Сиљановска не го осуди криминалот на нејзниот поддржувач и промотор, сега пребеган во Будимпешта, Никола Груевски?

Граѓаните не смеат и нема да си дозволат на висока државна позиција да има човек зад кого стојат насилници и криминалци.

На државата не и треба тоа. На државата и треба вистински претседател кој навистина ќе се залага за правда и правичност.

Затоа, во недела граѓаните ќе дадат масовна поддршка за Стево Пендаровски и неговиот концепт што води напред.

Република Северна Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани кој нема да брани криминал, туку ќе се залага за правда и еднаквост пред законите, рече Костадинов.