3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и Заев по нарачка шиканираат медиуми

Власта вчера посегна по медиумите и оневозможи телевизиска екипа непречено да си ја врши својата работа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде порачуваат дека слободните медиуми се нужност на секое општество.

Од опозициската партија додаваат и дека Пендаровски и Заев не смеат да се кријат зад насилниците кои по нивна нарачка шиканираат медиуми.

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашниот напад на телевизиските екипи на ТВ21, истото е чин на примитивизам и не му доликува на македонското општество. Независното новинарство е придобивка на 21 век и власта не смее да се осмели истото да го суспендира“, се нагласува во партиското соопштение.

Од партијата констатираат дека Стево Пендаровски е сè понервозан, а како што велат, на вчерашната дебата и самиот тој признал дека нема трпение.

„Ваквата нервоза кај Пендаровски е поради сè послабиот рејтинг и неминовниот изборен пораз. Соочен со поразот, СДСМ тоне уште повеќе, па ангажира партиски членови кои од партиски собири се закануваат дека во ДИК ќе влезат со пиштол, а при тоа никаква реакција од безбедносните служби. Република Македонија е соочена со политизирани безбедносни служби“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ и потенцираат дека токму затоа е потребно повторно воведување на принципите на правната држава и владеењето на правото.

Спонзорирано: