Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски во Ранковце: Заедно напред за број 3, да ги забрзаме развојот и интеграцијата во ЕУ и НАТО

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на средба со жителите на Ранковце побара поддршка на изборите, да се заокружи бројот 3, да се гласа за концептот што води напред, што ја носи државата во Европа.

„Отворени се вратите кон ЕУ и НАТО и затоа овој момент мора да го искористиме за да ги продолжиме позитивните промени. Со членството во НАТО, со почетокот на преговорите со ЕУ, се забрзува развојот, економијата станува конкурентна, се отвораат фондови за поддршка на земјоделците и се обезбедуваат повеќе пари за граѓаните. Да покажеме одговорност пред државата и да гласаме за напредок“, истакна Пендаровски.

Другата опција, посочи Пендаровски, нема план, нема идеја, тие нудат само уништување, кое води во изолација. Да не дозволиме да се врати времето кога имаше живот само за партијата на власт и за фамилијата.

„Не смееме да дозволиме никој да се коцка со иднината на младите и државата, не смееме да дозволиме некој да нѐ враќа во темното минато. Затоа, в недела, заедно сплотени, да излеземе масовно на изборите и да гласаме за број 3, да продолжиме заедно напред“, повика Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК