13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕИЗБОР

Науката применета во служба на долг и здрав живот

Со гордост и нескриено задоволство, можеме да кажеме дека и нашата земја дава допринос во поглед на зачувување на човековото здравје. Имено и кај нас за прв пат се изработени професионални програми за исхрана базирани на современи наулни сознанија во кои се имплементирани најсовремени принципи на нутриционизмот. Овие програми се оригинални, автентични и уникатни по својата конципираност во нашата земја и пошироко.

Секој програм се изработува за секоја индивидуа – клиент посебно, притоа земајќи во предвид многу параметри – пол, возраст, висина, тежина, физичка активност и здравствена состојба на индивидуата. При изработка на овие програми се води сметка не само за енергетската вредност на планираната исхрана, туку и за квалитативниот и квантитативниот состав на исхраната. Притоа во програмите се укажува на начинот на припрема на храната, распоредот на конзумирањето на оброците, нивната количина, квалитет итн.

Програмите се наменети за лица со вишок на телесна тежина, но и за оние со потхранетост, чија телесна тежина е под нормалата, а се изработуваат и програми за исхрана за клиенти со одредени заболувања и тоа за дијабет, бубрежни заболувања, кардиоваскуларни, метаболни, болести на дигестивниот систем, кожни и други.
Вредно е да се потенцира дека во овие програми основата на менито се природни, здрави, безбедни и хранливи продукти, а не вештачки препарати за влијание на телесната тежина.

Резултатите од примената на овие програми се исклучително добри, а што е најважно тое е и клиничко – биохемиски потврдени.

Според укажувањата на Светската Здравствена организација, голем дел на заболувања се резултат на неправилна исхрана, со тоа уште повеќе се потврдија фактите околу правилната и здрава исхрана дека таа е еден од клучните елементи за зачувување и унапредување на здравјето на луѓето.

Задоволството на клиентите од постигнатите резултати, со примената на овие програми за исхрана се вистински доказ за квалитетот на овие професионално изработени програми. Центарот за здрава исхрана ИН – 10 од Ресен, планира дел од кругот од своето работење да го прошири и надвор до границите на нашава држава, бидејќи резултатите од неговите програми за исхрана му гарантираат сигурен успех во неговото работење, а во интерес на заштита, подобрување и унапредување на човековото здравје.

За прв пат кај нас, во нашата држава, и единствено кај клиентите кои ги применувале тие програми, односно кај поголем дел од нив, се направени клиничко – биохемиски испитувања и преку напредно – статистичка анализа на добиените резултати, се потврди вистинското позитивно влијание на внимателно одбраната, избалансирана и правилно искомбинирана храна врз здравјето на луѓето.

Центар за здрава исхрана ин 10 Ресен
Дипл.Нутриционист М-р Бузлевски Илија
контакт: nutricionist.buzlevski@hotmail.com

(ПР текст)

Спонзорирано: